Релативно топло со мала облачност

Во Македонија во неделата утрото е посвежо, а преку денот ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност и со слаб променлив ветер.

Утринските температури се од 3 до 13, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе се движат во опсегот меѓу 18 и 28 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Температурата ќе достигне до 27 степени.