![дејвид Ватикан твита стихови од Дејвид Боуви](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/01/dejvid-3.jpg?resize=500%2C333&ssl=1)
Меѓу илјадниците пораки и изјави на сочувство посветени на Дејвид Боуви, кој почина пред десет дена, забележителна е пораката на претседателот на Понтификалниот совет за култура на Ватикан, еден од фаворитите за папа на претходниот избор, кардиналот Џанфранко Равази, пишува „Религија.мк“.
Преку социјалните мрежи, на својот статус на Твитер, кардиналот изразува сочувство, пренесувајќи ги славните стихови од Space Oddity: “Ground Control to Major Tom Commencing countdown, engines on Check ignition and may God’s love be with you (David Bowie)”.
„Контролната кула до мајорот Том,
Започнува броењето наназад,
Вклучи ги моторите,
Провери го палењето,
И љубовта Божја нека биде со тебе“.
И ватиканскиот весник „Осерваторе Романо“ си спомнува за Дејвид Боуви како за „личноста која никогаш не е досадна“.
„Пет децении со рок музика поминати со артистичка посветеност, која може да се чини во контрадикција со употребената двосмислена претстава, пред се на почетокот на кариерата, за да го привлече вниманието на медуимите, се вели во весникот на Светата Столица.
„Тој успеа да реализира вистински бисери, како што е „Heroes“, едноставна рок химна посветена на момчињата од Берлин додека се уште беше разделен од ѕидот и успеа да предизвика растечки консензус во текот на годините“.