Папата Францис, кој пристигна на 11-часовна посета на Албанија,го пофали мирниот соживот на вероисповед во земјата и посочи дека никој не треба да користи религијата како оправдување на насилството.
“Никој да не си помисли да го направи Бога во штит, кога планира или врши акти на пркос и насилство. Никој да не ја користи религијата како оправдување на сопствените активности во спротивност на достоинството на човекот и основните слободи”, рече папата. Според него албанскиот политички систем и складен соживот меѓу религиите, кој егзистира во Албанија, може да послужи како образец.
Поглаварот на римокатоличката црква особено го пофали однесувањето на албанските политички и верски водачи. “Атмосферата на почит и меѓусебна доверба меѓу католиците, православните и муслиманите е драгоцено добро за земјата и има посебно значење во нашата епоха”, истакна тој. Според него вистинското религиозно чувство е “изопачено од екстремистичките групи кои ги искривуваат разликите помеѓу различните вери и ги претворат во опасен фактор за спротивставување и насилство”.