Религијата во САД игра огромна улога во секојдневниот живот, а така било уште на поставувањето на темелите на државата од страна на првите освојувачи.
Црквата игра значајна улога и при креирањето на политиките на локалната власт, а тоа се согледува преку забраната за абортус во 13 држави.
Но, религијата најмногу може да се забележи во овие денови, преку еуфоријата за најголемиот празник, Божиќ, кој го прославуваат сите, без разлика на вероисповета.
Најпопуларна религија
Католичката црква (сино) и Јужните Баптисти (црвено) доминираат на мапата подолу, Од тоа се заклучува дека овие две религии имаат најголем број на следбеници во секоја американска држава.
Евангелистите (портокалово) се лоцирани средниот и западниот дел од континентот , додека Мормоните (сива) е, очекувано, е најзастапена религија во и околу Јута.
Најголема не-христијанска религија
Исламот (зелено) е најголемата не-христијанската религија во земјата, бидејќи следбеници има во 20 држави, претежно на југот и средината на САД.
На Запад пак , будизмот (портокалово) е најголемата не-христијанската религија во 13 држави. Јудаизмот (виолетово) е најголемата не-христијанската религија во 15 држави, претежно во североисточниот регион. Хиндуизмот (кафено) владее во две држави во САД, Делавер и Аризона.
Верска различност
Следната мапа ја покажува верската различност во секоја земја. Кафената и портокаловата значат дека има висока разновидност меѓу верите во тие земји , додека сината и зелената означува земји каде претежно е сконцентрирана една религија.
Верско учество
Оваа мапа покажува земји каде што верското учество по глава на жител-приврзаници поделено со населението бил најголем. Според тоа, најактивни се верниците во Јута, и во земјите од западниот и јужниот дел од САД. Верското учество е најниско во Калифорнија (4,3 отсто), на Хаваите (3,3 отсто) и Невада (3,1 отсто ).