Ременски со бесмислена реакција и без демант за злоупотребата на службените возила

Молк од техничката министерка по веста која вчера ја објавивме за злоупотреба на возила на министерството за труд и социјална политика од страна на кабинетскиот службеник Наташа Методијева. Наместо  одговор и објаснување до јавноста кабинетот на Ташевска Ременски испрати бесмислена реакција до медиумите во кој не ја демантира злоупотребата

Скандали го тресат министерството за труд и социјална политика откако се објавија информации дека лицата од кабинетот на техничката министерка користеле возила за приватни и службени цели.

Фросина Ташевска Ременски не ги демантираше информациите и не одговори на клучните прашања на која јавноста има право да ги знае: од кои причини возилото на министерството со кое е задолжено Методијева е паркирано пред зградата во која живее? Зошто возилото е возено за приватни партиски цели кога истото треба да се користи во службени цели? И дали возилото е возено без патен налог? – пишува Курир.

Наместо одговори, кабинетот на техничката министерка испрати реакција со обвинувања до дополнителниот заменик министер преку кои се обиде да го дефокусира вниманието.

Медиумите веќе објавија фотографии и видео од кои јасно се гледа дека кабинетскиот службеник Наташа Методијева користела службено кое со решение од 3 октомври и е утврдено правото за користење на Ц3 со регистарски број SK-2275-AL

3-1

4-1

4a

 

Наташа Методијева важи за член на СДСМ и истакна поддржувач на Шарената револуција

5

Со ова решение се потврдува дека Методијева на 2 септември годинава е именува за кабинетски службеник во кабинетот на техничкиот министер.

1

Oд она што го истраживме, техничката министерка со тоа што дозволила користење на службени возила во партиски и приватни цели го прекршила Изборниот законик односно член 8-б кој гласи: “за потребите на изборната кампања, забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста. Забрането е вршење и обид за вршење притисок и заплашување на гласачи или членови на нивните семејства или ним блиски лица”.

Ташевска Ременски го повредила и Кривичниот закон во делот на злоупотреба на службената положба и овластување член 35 проневера во службата и член 354 кој гласи:” службено лице кое со намера да прибави за себе или за друг противправна имотна корист ќе присвои пари, хартии од вредност или други подвижни предмети доверени во службата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години”.

Потоа  послужување во службата  член 356 кој гласи: “службено лице кое неовластено ќе се послужи со пари, со хартии од вредност или со други подвижни предмети доверени во службата или овие предмети неовластено ќе му ги даде на друг да се послужи, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години”.