Пред почетокот на овој судски случај прва побарав да биде изземена ЈО Русковска од предметот, заради дотогаш очигледни пречекорувања на своите овластувања, напиша на својот Фб профил Фросина Ременски.
Во продолжение на објавата Ременски додава:
-Во јануари поднесов кривична пријава за незаконскиот претрес во домот под директна команда на ЈО Русковска по која се води предмет во ЈО Скопје, а на 17 Јуни претставка до Советот на ЈО и до државниот обвинител Јовевски.
Ова што го слушнав денес во Суд е дополнителен аргумент – нова околност која зборува не само за непрофесионалниот однос на ЈО Русковска, туку тоа е на линија на иста кривична одговорност за која се судеше Јанева за која денес слушнавме дека обвинителката Русковска давала непримерни изрази, вели Ременски.
Таа додава дека Русковска требало да се изземе уште на почетокот.
-Обвинителката Русковска знаејќи ја природата на нејзината комуникација со Бојан и имајќи ги на увид сите материјали кои сега се во рацете на Бојан, не само што требала самата да се изземе од јавнообвинителското постапување, туку требаше да дозволи многу други лица да бидат сослушани во нејзиното обвинителство кои тврдеа дека немале блиски релации и комуникации со Бојан.