Ременски треба што поскоро да седне на обвинителна клупа

Госпоѓо Ременски, треба да си седнете на обвинителна клупа, што побргу. На осомничените криминалци местото им е во судница , а потоа и во казнено – поправна установа.

Лошо е доколку Македонија остане место каде што осомничени криминалци може да си тропаат и да се закануваат по социјалните мрежи наместо да одговараат за злоделата што ги направиле.

Колку побргу одговарате, толку подобро и за вас. Помалку ќе се фрустрирате. Заев не ви прави услуга со тоа што времено ве заштитува. Само се дозакопувате .

Искрено , не би сакал мое дете да студира кај професор, осомничен за криминал кој во очај се заканува по фејсбук. Тоа го мислат и вашите блиски и сопартијци, колку и да ви прават лице. На Фрики се знае каде и е местото . Не бива да се повикувате дека сте подвоена личност и да ја градите тезата за непресметливост преку апсурдните и непромислени постови на фејсбук.

Доктор Џекил и Мистер Хајд е новела на Роберт Луис Стивенсон, а откако е издадена поминаа 130 години. Сега некој да глуми подвоена личност “чесната професорка Ременски и рекетарката Фрики” не е ништо ново , ниту интересно.

Дај приберете се и кажете каде се двата телефони кои ви ги бараа од јавното обвинителство, а не ви ги најдоа ? Што имаше во нив ? Каква е улогата на Зоран Заев и Радмила Шекеринска во случајот Рекет ? Ако ги чувате сокриени , време е да ги извадите . Зошто само вие да одговарате за криминалот?!

Патем, што вели дирекцијата за безбедност на класифицирани информции во однос на приватната архива што си ја правел Јовче Ременски ? По кои НАТО стандарди изнесувал класифицирани документи и ги чувал дома ?

Доста и правите штети на Македонија. Заев може да брани криминал, но не може да го одбрани. На 12 април ќе почне обновата на Македонија, напиша на Фејсбук, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.