Обвинетата во случајот „Меѓународен сојуз“ Фросина Ременски на денешните завршни зборови во Основниот Кривичен суд Скопје потенцираше дека не учествувала во проектот за старечки домови, а најмалку била запознаена со финансиската вредност на истиот.
„Наводите дека сум била угледна личност не се доволен доказ за да бидам обвинета. Судот не ги зел во предност сите учесници во овој процес и нивните врски со многу институции на локално и државно ниво. Силјан Мицевски на прашање пред бранителот, одговорил дека Фросина Ременски и Александар Кирацовски не влијаеле врз никој, ниту таа ја договорала цената на овој договор“, рече Ременски.
Таа вели дека не договарала и преговарала и дека не е автор ниту потписник на договорот и дека покрај ова потполно неоправдано и неосновано ја обвиниле неа.