Во последниот неделен дуел од 33-то коло на англиското фудбалски шампионат во регионалното дерби Астон Вила и Вест Бромвич Албион одиграа без победник 2:2/
Во првото полувреме двата погодока беа постигнати од пенали, Вила поведе во 9 минута преку Анфал Ел Гази, а во 23 минута за ВБА исто така од белата точка израмни Матеус Переира. На почетокот од второто полувреме во 47 минута гостите поведоа со автоголот на Тајрон Мингс, додека домашните успеаја да спасат бод со голот на Кејнан Дејвис во втората минута од судиското производство.
Астон Вила се задржа на 11-то место со 45 бодови и испушти моќност да напредува до деветтото место, а ВБА остана претпоследен 19-ти со 25 бодови, и испушти бодови со кои ќе се израмнеше на 27 бодови со Фулам кој е 18-ти од местото од кое се игра доигрување за опстанок. Брајтон е 17-ти со 34 бодови.
Барнли со хет-трикот на Крис Вуд кој беше прецизен во 15, 21 и 44 минута, на кој се надворза Ешли Вествуд во 85 минута, оствари важна изненадувачка победа на гостувањето кај Вулверхемтон.
Вулверхемтон остан 12 ти на табелата со 41 бод, а Барнли се искачи на 14-то место со 36 бодови и се чини дефинитивно ги острани стравувањата од можни напуштање на Премиер лигата.
Лидс Јунајтед, за кого македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски го одигра целиот меч и „пожолте“ во 64 минута, на својот „Иланд Роуд“ одигра без голови со Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ кои заостануваат зад водечкиот градски ривал Манчестер Сити десет бодови, речиси сигурно ќе ја завршат сезоната на втората позиција, бидејќи имаат осум бодови предност пред третопласираниот Лестер Сити кој има и меч помалку.
Лидс Јунајтед ја поправи својата позиција на табелата за едно место, деветти е со 47 бодови, осум помалку од најблиската позиција која води во европските натпреварувањата.