![RB Leipzig vs Atalanta Bergamo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/75dc01c1b5773db7770ec4a699fd4f6c.jpg?resize=696%2C450&ssl=1)
Во првиот дуел од четвртфиналните пресметки во Лига Европа, РБ Лајпциг и Аталанта во четвртокот одиграа без победник 1:1,
Гостите поведоа во 17 минута со голот на Луис Мурие, а израмни за домашните токму асистентот Давиде Запакоста кој во 58 минута ја погоди сопствената мрежа. Реваншот ќе се игра на 14-ти април во Бергамо.
И покрај скромниот конечен резултат, натпреварот беше возбудлив со два погодока, не реализиран пенал, а уште трипати се тресеа стативите.
Аталанта поведе во 17 минута, но Лајпциг можеше да израмни веќе во 24 минута, кога шутираше Андре Силва но ја погоди левата статива. Рамката од голот на спротивната страна ја погоди и Марио Пашалиќ во 44 минута.
Муриел опасно се закани и во 53 минута, но Петер Ѓулачи одлично одбрани. Пет минути подоцна германскиот претставник имаше чиста можност за израмнување. Мерих Демирел направи прекршок во италијанскиот шеснаесетник а судијата Оливер покажа на белата точка. Андре Силва го изведе пеналот, но Хуан Муслера одлично одбрани. Сепак, во продолжението на акцијата Лајпциг израмни а автогол постигна Запакоста кој се обиде да ја избие топката по нафрлувањето од корнер но ја погоди сопствената мрежа. Кајпвиг можеше во 82 минута да направи целосен резултатски пресврт, но Доминик Шобошлиа, по донар центаршут во шеснеасетникот ја погоди пречката.
Вечерва се играат уште три натпевара а се среќаваат Ајнтрњахт Франфурт – Барделона, Бест Хем Јунајтед – Олимпик Лион и Брага – Ренџерс Глазгов.