Екипата на нашите интернационалци, Александар Трајковски и Илија Несторовски, ремизираше (1:1) во полуфиналето на плејоф-серијата во Серија Б во Венеција.
Иако Палермо важеше за голем фаворит во средбата, сепак домаќините одлично се бранеа од нападите на гостинската екипа, па првиот гол го постигна Антонио Ла Гумина во 53. минута, но само четири минути подоцна Давиде Марсура ги постави конечните 1:1.
Трајковски одигра 87 минути од натпреварот во Венеција, но не успеа да му помогне на својот тим. На негово место влезе вториот наш интернационалец, Несторовски кој се врати по повредата.
Реванш-натпреварот помеѓу Палермо и Венеција се игра во недела од 18.30 часот.