![totenhem vest hem](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/totenhem-vest-hem.jpg?resize=624%2C322&ssl=1)
Во заостанатиот натпревар од 21-то коло на англиското фудбалско првенство, во четвртокот вечерта Тотенхем Хоутспур и Вест Хем Јунајтед на лондонски „Вембли“ одиграа 1:1 (0:0).
Поведе Вест Хем со одличниот удар на Обуанг од повеќе од 25 метри во 70 минута, а возврати исто така со одличен шут надвор од шеснаесетникот Сон во 84 минута.
Тотенхем е петти со 41 бод, три помалку од четвртиот Ливерпул а два повеќе од шестиот Арсенал. Вест Хем, пак, е 15-ти со 22 бода, колку што имаат и 13-от Њукасл Јунајтед и 14-от Крастал Палас, а два повеќе од 18-от Стоук Сити кој се наоѓа во зоната за испаѓање од лигата.
На врвот неприкосновен е Манчестер Сити со 62 бодови, втор е Манчестер Јунајтед со 47 а третиот Челзи има 46 бодови.