Реми на Јуве и Наполи, Милан ја доби Рома

AC Milan and As Roma at Giuseppe Meazza stadium in Milan, 6 January 2022. ANSA / MATTEO BAZZI

Во првото од двата дерби натпревара од 20-то коло на италијанското фудбалско првенство Милан на „Џузепе Меаца“ ја победи Рома со 3:1, а во второто во Торино Јувентус и Наполи одиграа без победник 1:1.

Гостите од Неапол поведоа во 23 минута преки Дриес Меренс, а за торинската „Стара дама“ израмни во 54 минута Федерико Киеза. По израмнувањето мечот до крајот остана многу израмнет и резултатот можеше да се сврти на едната или на другата страна. Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас во игра влезе во 76 минута, по неодманешната изолација поради позитивен коронатест.

Кај Наполи поради коронавирусот и африканскиот Куп на нациите не играа седум играчи – Кулибали, Ангуиса, Осимјен, Унас, Малкуит, Мерер, Фабијан Руиз, како и тренерот Спалети. Пеблеми имаше и Јувентус, во чии редови изостана Писољио, Кјелини, Бонучи, Пелегрини и Каио Хорхе.

Наполи остана третопласиран со 40 бодови, пет помалку од вториот Милан и шест од водечкиот Интер кој има меч помалку, а има два бода повеќе од петтата Аталанта која исто така има натпревар помалку. Јувентус остана петти со 35 бодови, три повеќе од Фиорентина која е шеста со меч помалку.

Милан стаса до победата над Рома иако не можеше да смета на дури десет играчи поради коронавирусот и африканскиот Куп на нациите.

Домашните дојдоа во водство уште во 8 минута со голот на Оливие Жиру од пенал. Најстрогата казна ја направи Тами Абрахам играјќи во својот шеснесетник со рака, а судијата Даниело Кифи покажа на белата точка по прегледување на снимката. Само девет минути подоцна Милан по вторпат ја затресе межата на Руи Патрисио, и тоа по големата грешка на гостинската одбрана. Ибањез невнимателно ја врати топката кон својот голман, Жиру ја пресече, шутираше кон голот но ја погоди статива а Жуниор Месиас ја смести топката во небранетата мрежа. Рома во 41 минута со голот на Абрахам намали на 1:2 и се врати во игра.

Милан беше блиску до третито гол во 51 минута кога Браим Диаз шутираше од работ на шеснаесетникот, но ја погоди пречката. Рома во 74 минута остана со играч помалку откако беше исклучен Рик Карсадор, а една минута подоцна домашните уште еднаш ја погодија стативата од гостинскиот гол, а овојпат шутираше Алесандро Флоренци. „Росоенрите“ победата ја потврдија во 82 минута, кога Рафаел Леао погоди за конечните 3:1. Во последните моменти во судиското продолжение Милан можеше да дојде и до четвртиот погодок на мечот откако Џанлука Манчини направи прекршок и притоа заработи втор жолт картон. Од белата точка шутираше Златан Ибрахимовиќ, но Руи Патрисио одбрани.

Со трите бода Милан се заврсти на втората позиција со 45 бодови, еден помалку од водечкиот Интер кој има и меч помалку. Рома остана на 32 бодови и го дели седмото место со градскиот ривал Лацио.

Во првиот натпревар во четвртокот Џенова иако поведе не успеа да дојде до трите важни бода во борбата за опстанок на гости кај Сасуоло. Дуелот заврши со резултат 1:1, во кој гостите поведоа уште во 6 минута преку Матија Дестро а домашните израмнија во 55 минута со голот на Доменико Берарди.

Џенова, за која последните 15-ина минути ги одигра Горан Пандев, остана на претпоследното 19-то место со 12 бодови, четири помалку од зоната на испаѓање. Сасуоло во моментов е незагрозен на 13-то место со 25 бодови.

Од ова коло засега поради здравствените билтени и ковид-протоколот откажани беа средбите Болоња – Интер, Аталанта – Торино и Салернитана – Венеција.