Реми во дербито меѓу Ливерпул и Тотенхем, Брајтон го декласираше Јунајтед, кикс на Челзи

Дербито на 36-то коло од англиското фудбалско првенство меѓу Ливепрул и Тотенхем одигран на „Енфилд“ во саботата заврши без победник со резултат 1:1.

Гостите од Лондон, кои се борат за место кое води во Лигата на шампионите следната сезона, поведоа во 56 минута кога Сон Хое-мин ја реализираше одличната акција на капитенот Кин и Сесањон, доека домашните израмнија со голема среќа кога во 74 минута шутот на Луиз Дијаз од повеќе од 25 метри го погоди блокирањето на гостински играч, ја промени насоката и го измами голманот Уго Љорис.

Ливеприл со овој бод привремено го презема врвот на табелата, сега има 83 бодови, колку и Манчестер Сити, со еден погодок подобра гол-разлика. Но Сити има меч помалку кој во недела го игра на домашен терен со Њукасл Јунајтед. Тотенхем, пак, остана петти со 62 бода, еден помалку со меч повеќе од својот голем градски ривал Арсенал кој во недела го пречекува Лидс Јунајтед.

Претходно во саботата Брајтон енд Хоув Албоино дома со 4:0 го декласираше Манчестер Јунајтед. Домашните поведоа во 15 минута со голот на Моис Каиседо кој со удар од далечина го изненади Де Хеа, а мечот беше решен на почетокот од вториот дел кога Брајтон за 11 минути постигна три гола. Прво Марк Кукуреља во 49 минута ја закова топката под пречката на гостинскиот гол, а потоа беше иницијатор на акцијата којашто во 57 минута ја заврши Паскал Грос, за кошмарот на Јунајтед да го заврши во 60 минута Леандро Тросард.

Брајтон сега е 9-ти на табелата со 47 бодови и најверојатно ќе го оствари најдобриот пласман во клупската историја во Премиер лигата, а Манчестер Јунатед е 6-ти со 58 бодови со веријанот обезбеден пласман во Лига Европа.

Челзи уште еднаш киксираше, играјќи на својот „Стенфорд Бриџ“ само 2:2 со Вулверхемтон, иако до 79 минута имаше предност од 2:0. Челзи поведе со двата брзи погодока на Ромелу Лукаку во 56 и во 58 минута, првиот од пенал кој самиот ги избори а вториот веднаше откако беше проигран од Кристијан Пулишич кој ја искористи грешката на гостинскиот капитен. Но Вулверхемптон намали во 79 минута со прецизниот удар на Франсиско Тринкао, а во последните секунди од мечот во седмата минута од судиското продолжение капитенот Конор Коади се извади за грешката и со глава изрмани на 2:2.

Третиот Челзи, кој далеку заостанува зад водечкиот тандем, сега има 67 бодови, четири повеќе од четвртиот Арсенал и пет од петтиот Тотенхем, и на три кола до крајот отворено е местото за последниот патник во Лигата на шампионите. Вулверхемптон е осми со 50 бодови, два помалку од Вест Хем кој го држи последното место кое води во Европската конференциска лига.

Со минималниот пораз од 0:1 на гостувањето кај Кристал Палас, стрелец за домашните беше Вилфред Заха во 31 минута од пенал, Вотфорд ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Премиер лигата. Претпоследниот 19-ти Вотфорд остана на 22 бодови, недостижни 12 помалки од 16-от Барнли и 18-от Лидс Јунајтед кои ги држат последните две места кои обезбедуваат опстанок. Кристал Палас е десетти со 44 бодови.

Барнли ги комплицираше своите шанси за опстанок, откако по низата позитивни резултати во саботата дома беше поразен со 1:3 од Астон Вила. Гостите од Бирмингем поведоа со 3:0 преку Дени Ингс во 7, Еми Буендиа во 31 и Оли Воткинс во 52 минута, а домашните намалија во првата минута од судиското продолжение преку Максвел Корнет.

Барнли е 16-ти со 34 бодови, само два повеќе од Евертон кој е 18-ти во зоната на испаѓање но има и два меча помалку. Астон Вила е на 11-то место со 43 бодови.

Брентфорд на домашен терен беше сигурен со 3:0 против Саутемптон. Победникот го решија двата брзи гола на Понтус Кансон во 13 и Јоане Виса во 14 минута, а точка стави Кростофер Ајер во 9 минута.

Брентфор е 12-ти со 43 бодови, а Саутментон е 15-ти со 40 бодови.

Во недела на распоредот се натпреварите: Арсенал – Лидс Јинајтед, Лестер Сити – Евертон, Норич Сити – Вест Хем Јунајтед о Манчестер Сити – Њукасл Јунајтед.