Ремонт

Ова мое пишување е повод да проговорам за сериозноста на овој хибриден криминален и коруптивен систем на нефункционалните, партизирани државни министерства (куп министерства) и институции, агенции, владини комисии во кои работаат (неработат по рамковниот договор) илјадници државни службеници на оваа Влада на ДУИ-СДСМ. Тогаш што очекуваме? Што треба да се направи?

Одговорот е ремонт.

Коренити промени во системот на институциите. Со нови квалитетни промени со нов ментален склоп. Како што ќе рече претседателот Пендаровски „…треба да се направи ревизија на сите факултети и универзитети во последниве десет години. Ревизија на сите дипломи, магистерски и докторски и како што вели информациите кои ги добивал, како работна сила 90% се функционално неписмени и дека треба да се направат функционално суштински ревизии и планови за образованието…“. Деновиве министрите, директорите и другите административни работници – Албанци вработени од ДУИ, очет за нивната работа даваат пред нивниот премиер Али Ахмети (Абаз). И сите се вонредни „гениијалци“. Како и оние од СДСМ. Како оној од образование, финансии, економија, екологија, земјоделие, заменици министри, директори. Нема ремонт. А, состојбите се катастрофални на секое поле од општественото живеење. Артан Груби ја  удави со една чаша „Огнената“ група на ДУИ. Артан Груби е десна рака на Али Ахмети. Пропаѓаат било какви поместувања. Нема никаков ремонт. Кој ја дава пораката дека и понатака ќе владее криминалот и корупцијата во институциите каде што се кадри на ДУИ, иста е состојбата и со функционерите на СДСМ.

По објавениот индекс за перцепција на корупцијата по меѓународната организација транспаренси, Македонија за 2022 година е рангирана на 87-то место на корупција од 180 земји. На оваа ранг листа со Македонија е и Косово. Пред нас се Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Грција и Словенија. Индексот за перцепција на корупцијата се дефинира како: „злоупотреба на јавната моќ за приватна корист“. Македонија има двоцифрена инфлација, сиромаштија над 500 илјади, односно 30%… Но, за надминување на овој проблем, потребно е системско, длабинско ремонтирање на сите институции. Ќе започнам со образованието. Како првиот човек на образованието министерот за образование и наука Јетон Шаќири, незаконито е унапреден во наставно-научно звање доцент (пред да му се нострифицира докторската диплома од Албанија), како и ред други ненострифицирани дипломи од струшкиот Мерков универзитет, што е образовен криминал и корупција. И истиот тој се залага декларативно за квалитетно образование каде нема учебници и со потрошени над пола милион долари за т.н. „скрипти“ за учениците од прво, второ, трето одделение… а, веќе првото тромесечие заврши. Трагедија моја Македонијо!

Што го интересира министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Го интересира и се залага да се користи унифицираниот албански буквар со првачињата во Албанија и во Косово. Како што ќе каже Рама: „Наша обврска е да го заштитиме и зачуваме албанскиот јазик“. Што е лигитимно. Тоа е заложба и на овој министер. Како и на Артан Груби за промени во учебниците по Историјата, Географија… Заштита на албанскиот јазик. Дали е на повидок сепарирање на образовниот систем во Македонија? По барање на некои албански партии во Македонија, за промена на уставот, се условува со повлекување „20 отсто“ во уставот за државотворен албански јазик во Македонија?

Тоа успешно сакаат да го остварат со формирањето на Совет за управување на образованието и науката. Каде што со советот ќе претседава Димитар Ковачевски и главните функционери – „мисионери“ од политичката партија на ДУИ – Јетон Шаќири, Артан Груби, Фатмир Бесими и Фатмир Бетиќи од СДСМ… Што со овој Совет ќе покаже набрзо времето?

Каква е грижата за образованието и науката на оваа Влада, доволно говори овој податок на искази на студенти во студентскиот дом „Гоце Делчев“- Скопје, кои се жалат: „Скиснат јогурт за појадок и вечера, исклучени ливтови, проверување дали се користи греалка, се само дел од нештата на кои се пожалија студенти што живеат во овој дом. Така и стои во домот за штедење на струја во вид на правилник“.

Види повеќе: „На мени имаме скиснат јогур и живо месо, ни влегуваат по соби без дозвола и ни ги гасат лифотвите“ – студенти од „Гоце Делчев“ за жалат на условите во домот

Загрижувачка е состојбата што го констатира Европската комисија за бавно спроведување на Стартегијата за образованието од 2018-2025 година. Каде што наставните програми не се добро прилагодени да ги опремат дипломираните студенти со посебни вештини за да одговорат на побарувачката на работна сила. Од страна на ЕК се констатира дека во 2021 година јавните трошоци за образование и обука се незначително зголемени за 3,76% од БДП. Додека за иновации, односно за научно-истражувачки работи – ниско само 0,4%. Најниско на Балканот. За ова нема никаква одговорност!!! Затоа само да ги потсетам овие од власта: „Какво ти е образованието, таква ти е државата“, рекол Платон или што ќе истакне големиот Нелсон Мандела: „Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот“.

Според однапред наведеното потребен е целосен ремонт на образованието во сите степени на Македонијата.

Затоа владата, преку заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење во ликот на Славица Грковска, е нема, нема никакви активности за сомнежите и злоупотреби на службената должност и овластување на владини поставени функционери, односно вклученост во криминал и корупција и нема никаква одговорност. Иако декларативно се залага. Но, во практика нема ништо. Ова го потврдувам со нерешавање на злоупотреби на службената должност и овластувања преку доставени доста преставки. Затоа не третираат како држава корумпирана, криминална тоа го кажуваат релевантни институциите. Како и перцепцијата на граѓаните на Македонија.

Затоа е потребн  РЕМОНТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ИЛИ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес