Ранет сопственик на дуќан на улица Пластичарска

Доцна синоќа едно лице со повреда од огнено оружје било пренесено во Ургентниот центар, „Мајка Тереза“, откако бил повреден во еден од дуќаните на Пластичарската улица во Скопје по 21:30 часот.

Како што дознава „360“, повредениот е сопственик на дуќан во кој влегле неколку непознати машки лица и ги нападнале двајцата синови на повредениот. Кога таткото дошол да види што се случува, еден од напаѓачите испукал куршум и го погодил во натколеницата.

Тогаш напаѓачите го напуштиле местото, а повреденото лице е пренесено во болница.

Се работи на расчистување на случајот.