(ФОТО и ВИДЕО) Реновирањето на стадионот на Реал ќе чини над половина милијарда евра

Најтрофејниот европскиот фудбалски клуб Реал Мадрид го објави планот за реновирање на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“, што ќе чини 525 милиони евра.

Работите треба да започнат на почетокот од следната 2019 година и прдвидено е да траат три и пол години.

Самата конструкција на стадионот кој има капацитет за 81.000 гледачи, ќе остане непроменета и на него Реал непречено ќе може да ги игра своите домашни натпревари.

Околу стадионот ќе биде израдена „школка“, а новиот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде целосно накосен, додека дел од покривот ќе биде подвижен. Освен надворешниот футуристички изглед, новиот стадион ќе им понуди на навивачите бројни технолошки новини во рамките на самиот објект.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, истканува дека ова е идеален момент да се започне со реновирањето на стадионот, бидејќи клубот е финансиски стабилен, а каматите на кредитите ќе бидат фиксни и поволни. Годишната рата од кредитот би изнесувала околу 25 милиони евра, што е помалки од 4 отсто од од годишните приходи на клубот.

Исто така, челникот на Реал тврди дека новиот стадион че им овозможи приход од 150 милиони евра. Последното реновирање на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ беше извршено во 2001 година.