Реонот околу британската амбасада во Москва добива име по Луганск

Градските власти на руската престолнина објавија во понеделникот дека досега неименуваната област во близина на амбасадата на Обединетото Кралство ќе биде именувана во чест на сепаратистите кои во самопрогласената доминатно руска и рускојазична Народна Република Луганск во југоисточна Украина се борат против силите под контрола на Киев.

Москва со тоа продолжи да одговара на долгогодишната провокаторска практика на САД и нивните сојузници, откако на 22-ри јуни дотога безимената раскрсница пред американската амбасада ја именуваше во „Народна Република Доњецк“, според втората сепаратистичка проруска самопрогласена област во источна Украина, чијашто независност Русија ја призна на 22-ри февраури, непосредно пред својата воена интерввенција во источната област во соседната земја со образложение дека спречува планиран погром на тамошните етнички Руси и рускојазичните Украинци.

Новата службена адреса на американската амбасада, исто така, беше избрана преку онлајн гласање кое го организираа московските власти и во кој учествувале речиси 280.000 луѓе.

Сепак, московските власти не ги променија називите на улиците околу дипломатското претставништво. Во случајот на британската амбасада, градскиот совет не прецизираше дали ќе ја промени нејзината службена адреса.

Ваквата дипломатска провокација не е нова тактика. Во 2018 година плоштадот пред руската амбасада во Вашингтон беше преименуван во Плоштад на Борис Немцов, руски опозициски политичар убиен во 2014 година, на што Москва остро реагираше.

Овој пример го следеше чешката престолнина Прага така што плоштадот пред руската амбасада исто така го именуваше по Немцов, чиишто убијци во Русија беа откриени и осудени. Руската амбасада тогаш за своја службена адреса ја користеше адресата на зградата на конзулатот.

Откако во февруари започна војната во Украина, градските власти на Прага го променија името на улицата во којашто се наоѓа и рускиот конзулат нарекувајќи ја „Улица на украинските херои“.