Поради уличен дефект на цевка со пречник од 600 милиметри на булеварот „Крсте Мисирков“ пред поликлиниката „Бит Пазар“ во Скопје, денеска и утре од 10:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат амбуланта и зградата на „Вардар Мебел“, а со намален притисок ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Крсте Мисирков“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе биде до санирање на дефектот.
За време на санирање на дефектот ќе биде обезбедена цистерна со питка вода која ќе кружи во реонот.