Реплек ќе исплати дивиденда 2700 денари нето за една акција

Според предлог-одлуката на Реплек АД Скопје, ќе се изврши распределба на добивката остварена во 2023 година, и на акционерите ќе им се исплати дивиденда во висина од 2.700,00 денари нето, односно 3.000,00 денари бруто, за една акција.

Реплек АД Скопје во 2023 година оствари нето добивка на износ 158.327.905,00 денари. За исплата на дивиденда ќе се издвојат 71.427.000,00 денари.

Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

Последен датум за тргување со право на дивиденда за 2023 година е 15.05.2024 година.

Прв датум за тргување без право на дивиденда за 2023 година е 16.05.2024 година.

Исплата на дивидендата за 2023 година ќе започне од 03.06.2024 година.