Репортери без граници со претставка пред МКС за израелското уништување на зградата со медиуми вго Газа

Репортери без граници (РСФ) во неделата поднесоа претставка пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) по израелските напади врз просториите во кои се сместени медиуми во Газа, сметајќи дека тие можат да бидат третирани како  „воени злосторства“.

– Во текот на изминатата недела, просториите на 23 локални и меѓународни медиуми беа уништени од насочени израелски воздушни напади, вели РСФ во претставката, бомбардирањата беа  насочени кон канцелариите на палестинските и странските медиуми.

РСФ смета дека намерното земање за мета на медиумите и целосното и намерно уништување на нивната опрема е воено злосторство според членот 8 од статутот од Рим“, се вели во писмото испратено вчера до Главниот обвинител на МКС, Фату Бенсуда.

Израелската армија не им нанесе само значителна материјална штета на редакциите чии новинари, опрема и инсталации се под заштита како цивилното население. Исто така, таа го попречи медиумското известување за конфликт што директно и сериозно влијае на цивилното население, продолжува РСФ.

Во Газа, зградата од 13 ката во која се наоѓаа тимовите на катарскиот новински канал Ал-Џезира и американската новинска агенција Асошиејтед прес (АП) беше урната во саботата од неколку ракети. Израелската армија претходно побара евакуација на зградата. За израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, оваа зграда била „совршено легитимна цел“, тврдејќи дека се потпира на информации од разузнавачките служби.

РСФ потсетува дека веќе поднесено претставка пред МКС за „намерно земање како цел од израелската армија на неколку десетици палестински новинари кои известуваа за протестите наречени „Маршот на враќањето во пролетта 2018 година“.

Затоа РСФ го повикува јавниот обвинител да ги вклучи настаните во изминатите неколку дена во истрагата отворена во март за наводни злосторства на палестинските територии, иницијатива што ја отфрли Израел, но ја поздравија Палестинците.