23.8 C
Skopje
петок, октомври 4, 2024

Репрезентативците го одржаа последниот тренинг пред утрешниот меч со Бугарија (ФОТО)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, ги построи своите пулени и го одржа последниот тренинг пред утрешниот натпревар со Бугарија.

Репрезентативците на Македонија тренираа на прекрасната „Хувефарма Арена“ во Разград каде утре од 18:00 часот ќе го одиграме натпреварот од првото коло од Лигата на нациите против Бугарија.

Благоја Милевски ќе цели кон пласман на првото место во групата кое ќе не одведе до бараж средба за пласман на наредното Европско првенство, а ќе ни донесе и пласман во Б- Дивизијата од Лигата на нациите.

На утрешниот натпревар против Бугарија, капитен на репрезентативците ќе биде Енис Барди.