Република Чешка го промени името. Чешкиот државен врв одлучи дека името Чешиа (Czechia) ќе биде пократка алтернатива за називот на земјата на англиски јазик, со цел да им се олесни на компаниите, политичарите и спортистите во употребата на производите, налепниците и дресовите, јавуваат светските медиуми.
Досегашниот назив на англиски Чешка Република (Czech Republic) е премногу долг и тежок за користење, а неможел да се скрати само на Czech (Чешка) што на англиски е придавка и неможе да биде назив на држава.
Земјата доби пократок назив и на чешки јазик. Така Чешка Република ќе може да се замени со Чешко.
Во однос на промената има согласност од претседателот на државата, премиерот, претседателите на двата дома на парламентот и потесниот кабинет на владата. Откако владата и формално ќе ја усвои промената, за тоа ќе бидат известени и ОН и другите меѓународни организации.