„Република“ : Хронологијата на аматеризмот и конфузноста на Заев и Сорос

Да не беа трагични, ќе беа смешни неспособноста, аматеризмот, хуморот и никаквиот политички капацитет на Зоран Заев и на неговите советници и новинари од Сорос кои во само еден ден  сто пати ги сменија ставовите. Некогаш се премислуваа и два пати во полoвина час. Заев, пак, го постигна својот личен рекорд и смени цврст став по само нецели четири часа, пишува порталот „Република“.

Вчера утрото медиумите ја објавија изјавата на еврокомесарот Хан во која порача да се почитува договорот од 2 јуни кој беше потпишан од четирите најголеми партии во земјава, ЕУ и САД. Тој исто така побара враќање на опозицијата во парламентот, како и правна и политичка разрешница.

Комесарот потврди дека целосно ја поддржува оценката на ОБСЕ и ОДИХР дека за последните избори како и за неколкуте изборни циклуси претходно имаше генерално позитивни извештаи во кои што беа наведени и некои неправилности.

Изјавата беше дочекана на нож од медиумите на Сорос, а Плус инфо на Бранко Героски по еден час  објави тест со наслов „Преговорите се минирани, Хан зборува се најдобро за режимот на Груевски“. Потоа соросовите платеници започнаа канонада на критики кон меѓународната заедница затоа што тие не го делат мислењето на СДСМ и соросовите експерти.