„Република Илинденска Македонија“ е нов предлог за името кое според дипломатски извори е понудено од македонска страна во преговорите, пренeсува весникот „Коха“ и порталот А1ОН.
Ова е предлогот што е предложен од македонската страна, а прифатен како заеднички и од грчка страна.
А1ОН пишува дека од дипломатски извори се дознава дека ова е последниот предлог кој е прифатлив за двете страни, но сега мора да се претстави целиот сет за решавање на спорот за името во двете земји, пред политичките авторитети и јавноста.
Доколку биде прифатлив овој предлог, ќе важи за севкупна употреба.
Премиерот Заев изјави дека во Софија е претставена опцијата која секако би можела да биде прифатена од двете страни и тоа е е комплетно решение.
Стево Пендаровски, веќе јавно го бранеше предлогот Република Илинденска Македонија. Во дебатна емисија рече дека ова име го отсликува историскиот континуитет на земјата.