Република: Туристот Ванхауте продолжува со навредите врз македонскиот народ и историја

Питер Ванхауте, кој што дојде како медијатор, а продолжи како турист, не сопира со навредите врз македонскиот народ,  историјата, општеството, политичките неприлики за кои сесрдно се заложи да не се решат, напротив стори се за да влетаат во ќорсокак пишува Република.

Ванхауте продолжува во ист стил

Како што нагласува порталот, по сериозната порака од ВМРО-ДПМНЕ, партија која го застапува најголемиот дел од граѓаните на преговарачката маса, дека нема повеќе да ги толерира испадите на преговарачот и дека од сега ќе го смета само за турист во земјата, наместо да се замисли, тој продолжи со ист стил.

Планирам да напишам водичи за туристи, ќе почнам со Скопје; Размислувајќи како турист, гладен за историја. Каде е Музејот на ВМРО, не е во мојот водич“, ја објави Ванхауте дрската порака со која успеа да го навреди не само партиското членство, туку си поигрува со чувствата на севкупното македонско општество, историјата, наследството на македонскиот народ, пишува порталот.

tviter-vanhaute

Подолго време се посочува на неговите активности на социјалните мрежи кои се недораснати за позицијата заради која е дојден во Македонија. Отвореното заземање на страна, како и јавното дискредитирање на еден од учесниците на преговарачката маса воопшто не прилега на олеснувачката функција. Ваквото „олеснување“ ги стави преговорите во момент во кој не е возможно да се најдат решенија.

Неговите „мачки и кучки“ преку кои се обидува да го исмее целиот процес наидува на одобрување само кај мал дел од „твитер заедницата“ која ниту е репрезент на македонската јавност, ниту пак е реална слика за хуморот на Ванхауте. За карактерот на таа мала група говори и јавната понуда за фелацио кон Белгиецот токму од таа заедница, пишува Република.

На Ванхауте не му е прв пат да напаѓа по историјата

На Ванхауте не му е прв пат да напаѓа по историјата, по политичката партија зад која стои мнозинството, нејзини директни претставници на преговорите.

Да се потсетиме на неговите истапи со хистеричните вербални напади и закани врз жените кои биле повикани да учествуваат во процесот на преговори. Да се потсетиме на изразите „престанете да се**те“.

За позицијата…