За позицијата на активен медијатор најмалку би требало да се врзуваат делувања кои би оделе во насока на навреди кон репрезенти од највисоките партиски органи на ВМРО- ДПМНЕ во други прилики за кои воопшто не е ниту надлежен да коментира, да оценува и во најмала рака да клевети за состојби во сфери во кои повторно нема никаква дописна точка, а сето тоа да влијае врз медијаторството за кое е поставен.
А Македонија не е општество кое во поблиската историја немала примери за повеќе или помалку успешни медијатори. На пример, можете ли да се сетите на било каква изјава која што би излегла од рамката на пристојност на медијаторите во спорот со името? Можете ли да го замислите Метју Нимиц да твита мачки, кучки, мајмуни по секоја нова средба со делегациите на Македонија и Грција? Да одиме пошироко, дали меѓународната заедница би го постигнала Дејтонскиот договор, или Кумановскиот договор, Рамбује или било кој сериозен договор со кој се постигнало да се стави линија и да се продолжи по некоја зацртана патека? Токму затоа, колку меѓународната заедница да се прави слепа на активностите на Питер Ванхауте, таа не може да се изземе од недоветноста на нејзиниот претставник во политичкиот дијалог.
Тоа што го прави Ванхауте не е ништо поразлично од она што можеби би требало да го прави портпарол или некој претставник на опозицијата, во некоја претпоставена политичка борба за внимание. Па, што ќе им е сектор за односи со јавност во македонската опозиција кога си го имаат Ванхауте. Ама од друга страна Ванхауте не може да биде олеснувач во преговорите.
Сето ова е…