Република: Туристот Ванхауте продолжува со навредите врз македонскиот народ и историја

Сето ова е резултат на веќе објавените средби и влијание на фракцијата на СДСМ затскриено во таканаречени граѓански организации. Засилувањето на активностите на Ванхауте на социјалните мрежи почна по тајната средба која што Белгиецот ја имаше со претставници на СОРОС каде од него се бараше „да продолжи со притисокот“. Секако, да притиска да пропаднат преговорите, за да не се дојде до решение, за да може да продолжи кризата, да пропаднат опциите за предвремени избори на договорената дата, за да може ВМРО-ДПМНЕ да излезе „лошото момче“ во ситуацијата, за да се смени колку што е можно повеќе јавното мнение во корист на СДСМ.

Што од ова е дел од медијаторство, олеснување на преговорите, нудење помош кон доближување на ставовите, наоѓање компромис, што е и основната задача на Ванхауте?

tviter-vanhaute2

Не може а да не се спомене дека Ванхауте, чија што лична политичка определба воопшто не би требала да има улога во процесот, запре со активноста на социјалните мрежи токму кога беше обелоденето неговото видување на работите во Македонија, кога можеше да се прочита неговиот став кон политичката ориентацијата на партиите во Македонија, неговата блискост со СДСМ од претходните посети на Македонија. Тогаш Белгиецот запре, ги сокри од јавното око неговите ставови. Оттука не може а да не се каже дека тој не знае што сето тоа значи и како тоа влијае врз неговата улога во преговарачкиот процес, па со тој чекор на почетокот самиот „си даде шанса“, но и покажа дека знае што е, а што не е во рамките на дејноста на еден олеснувач.

Ванхауте по неговите вербални испади и реакциите на ВМРО- ДПМНЕ барал прошка за да може да продолжи со медијаторството. Но сето тоа се промени откако тоа од него беше директно побарано.

Сега е доцна повторно да се извинува, што на белгискиот турист му е кристално јасно. И јасно му е дека сега е слободен што сака да прави „дури и во оваа земја“. Неговата активност на социјалните мрежи веќе не може да ја образложува како „алатка за постигнување на целта“. Освен ако целта на медијаторството под закрила на меѓународната заедница не беше токму тоа- преговорите да пропаднат и изборите да се одложат. Пораките од лидерот на СДСМ дека „чадорот“ ќе се погрижи за се, само потврдуваат дека тоа не е далеку од вистината.