„Република“: Заев главна мирудија во балканскиот котел на Сорос

Со­ро­со­во­то оп­штес­тво со пра­во го но­си име­то „отво­ре­но“. Та­му вра­ти­те се ши­рум отво­ре­ни за си­те бил­ме­зи и не­до­вет­ни че­да кои во ос­тва­ру­ва­ње­то на лич­ни­те ни­ско­зем­ни ам­би­ции не из­би­ра­ат средс­тва, а не­ма­ње­то скру­пу­ли е доб­лест. Ос­но­вен пре­дус­лов е не­из­мер­на­та по­чит и љу­бов кон па­ри­те. Во Ма­ке­до­ни­ја ју­риш­ни­ци­те му се по­го­ди­ја, мо­же и да ги па­тен­ти­ра ка­ко ур­нек за со­вр­ше­ни со­ро­со­и­ди. И во САД зна­ат што се пра­ви во Ма­ке­до­ни­ја. „Нешнл рив­ју“ на­пи­ша: „Аме­ри­кан­ски­те да­ноч­ни об­врз­ни­ци, пре­ку УСА­ИД, ѝ да­ва­ат па­ри на ло­кал­на­та фон­да­ци­ја на Со­рос. Ма­ке­дон­ски­те кон­зер­ва­тив­ци ве­лат де­ка со тоа САД пра­ктич­но од­бра­ле стра­на во по­ли­тич­ка­та по­дел­ба во Ма­ке­до­ни­ја. Да, не­кој од­брал стра­на оти друг са­ка да вла­дее и да­ва сѐ за цел­та. Екс­пер­ти­те ве­лат де­ка Зо­ран За­ев е гла­вен ва­зал на стран­ски­те ин­те­ре­си, со што ѝ на­не­су­ва исто­ри­ска ште­та не са­мо на др­жа­ва­та ту­ку и на сво­ја­та пар­ти­ја. Но, тој не­ма проб­лем со тоа. За­се­га…, анализира „Република“.

analiza227-1-640x247
Со­ро­со­во­то оп­штес­тво е на­ви­сти­на „отво­ре­но“, тоа ба­рем е нес­пор­но. Не­го­ва­та фон­да­ци­ја има ши­рум отво­ре­ни вра­ти за си­те што има­ат пре­го­ле­ма жел­ба за ос­тва­ру­ва­ње на лич­ни­те жел­би ка­ко те­ра­пи­ја за ле­че­ње на сопс­тве­ни­те комп­ле­кси, а при­тоа не­ма­ат ни­ка­ков проб­лем да вле­зат во ка­ква и да е рол­ја и сце­на­рио и бес­по­го­вор­но да ги сле­дат на­со­ки­те на сво­јот фи­нан­си­ер. Фи­ли­ја­ла ка­де што не­до­сти­гот на скру­пу­ли прет­ста­ву­ва доб­лест. Да, Со­рос е це­лос­но отво­рен и гла­ден за но­ви че­ти не­до­вет­ни че­да кои во бе­скру­пу­лоз­на­та на­ме­ра за осво­ју­ва­ње на вла­ста не­ма­ат проб­лем со уни­шту­ва­ње на на­ци­о­нал­ни­те при­о­ри­те­ти и на сопс­тве­на­та др­жа­ва. Нај­мал проб­лем и нај­го­ле­ма отво­ре­ност, пак, Со­рос по­ка­жу­ва кон сопс­тве­ни­те сре­бро­љуб­ни пос­луш­ни­ци од „ан­тив­ла­ди­ни­от“ се­ктор, кој ќе има се­ри­о­зен се­ман­тич­ки проб­лем со сопс­тве­но­то име ко­га не­ко­гаш во ид­ни­на СДСМ ќе дој­де на власт. Не збо­ру­ва­ме за име­то Ма­ке­до­ни­ја, тоа во­оп­што не ги ин­те­ре­си­ра ни­ту тан­ги­ра. Мо­же­би се са­мо сил­но за­ин­три­ги­ра­ни од фа­ктот кол­ку па­ри би им до­не­ла не­го­ва­та про­ме­на, но НВО или нев­ла­ди­ни не­ма да им од­го­ва­ра со СДСМ на власт. То­гаш при­род­но ќе се пре­кр­стат во НОО, не­о­по­зи­ци­ски ор­га­ни­за­ции.

Мно­гу­ми­на го по­ста­ву­ва­ат пра­ша­ње­то да­ли е тој све­сен во ка­кви ели­ти­сти и уд­ба­шки ата­виз­ми вло­жу­ва сил­ни ми­ли­о­ни во Ма­ке­до­ни­ја? Од­го­во­рот е ед­но­ста­вен, да, де­фи­ни­тив­но е све­сен. Ос­но­ва­та на не­го­ва­та при­ка­ска е ток­му про­да­ва­ње­то ели­ти­зам на из­го­ре­ни­те по не­го, а сво­и­те пи­па­ла низ све­тот ,и осо­бе­но во Ма­ке­до­ни­ја, ги пу­шта најм­но­гу бла­го­да­ре­ние на жел­ба­та на ил­јад­ни­ци бил­ме­зи да би­дат дел од таа ка­ста. Бар ед­наш во жи­во­тот да би­дат по­и­на­кви, ша­ре­ни, ква­зи­ин­те­ле­кту­ал­ни со­ци­јал­де­мо­кра­ти. Кон­тра „сто­ка­та“, се раз­би­ра.

Зна­чи, за да од­го­ва­ра­те на фо­то­ро­бо­тот на Со­ро­сов ју­риш­ник, тре­ба да са­ка­те па­ри по­ве­ќе од све­тот, да има­те бол­на жел­ба за да ста­не­те дел од не­ка­ква ели­ти­стич­ка дру­жи­на и да не­ма­те скру­пу­ли во ос­тва­ру­ва­ње­то на сво­и­те ни­ско­зем­ни це­ли кои ги прет­ста­ву­ва­те ка­ко ос­ло­бо­ду­ва­ње. Ве­ро­јат­но ос­ло­бо­ду­ва­ње од умот и од скру­пу­ли­те. Ах, да. Па­то­ло­шко­то по­са­ку­ва­ње на вла­ста е уште еден, мо­же­би, нај­по­са­ку­ван ква­ли­та­тив кај кан­ди­да­тот за со­ро­со­ид.

analiza227-2

Поз­на­ва­те ли ма­ке­дон­ски по­ли­ти­чар кој е тол­ку мно­гу „отво­рен“ за се­то ка­жа­но, лик кој би од­го­ва­рал на си­те Со­ро­со­ви жел­би и кри­те­ри­у­ми? Да, се ви­ка Зо­ран За­ев, то­тал­но до­пол­нет во при­ка­ска­та со не­го­ва­та „по­у­ба­ва“ по­ло­ви­на Рад­ми­ла Ше­ќе­рин­ска. И Еди Ра­ма мо­же да им до­не­се по ед­на ча­ша во­да. Со дво­ја­зич­на здра­ви­ца, се раз­би­ра…

И Аме­ри­кан­ци­те про­тив Со­рос во Ма­ке­до­ни­ја

Ве­ро­јат­но, и на­уч­ни­ци­те од ла­бо­ра­то­ри­ја­та на Со­рос би­ле страш­но из­не­на­де­ни од ефе­ктот на екс­пе­ри­мен­тот во Ма­ке­до­ни­ја. Нив­ни­те екс­пе­ри­мен­тал­ни глув­чи­ња ги над­ми­наа нив­ни­те скром­ни оче­ку­ва­ња ста­ну­вај­ќи ур­нек за на­та­мош­ни­те „ре­во­лу­ции“ во све­тот. Се­ка­де, ка­де што ќе за­тре­ба. Од­нос­но, ка­де што ќе по­са­ка Со­рос и не­го­во­то отво­ре­но оп­штес­тво. За овој факт и си­ли­на­та на по­стиг­на­то­то уште пред креш­чен­до­то на „Ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја“, во вре­ме­то ко­га неј­зи­но­то сце­на­рио уште се пи­шу­ва­ше или пре­пи­шу­ва­ше од Бос­на, пи­шу­ваа и са­ми­те Аме­ри­кан­ци. Ама оние „дру­ги­те“ Аме­ри­кан­ци, не Со­ро­со­ви­те и Хи­ла­ри­ни­те, уште по­мал­ку оние на Оба­ма. Да, уште пред ед­на го­ди­на еден Аме­ри­ка­нец од „Нешнл рив­ју“ на­пи­ша фан­та­стич­на ана­ли­за за Ма­ке­до­ни­ја, ба­зи­ра­на не на „рек­ла-ка­за­ла“, ту­ку на лич­но при­сус­тво во зем­ја­та. Пре­ду­пре­ду­ва­ње­то и то­гаш бе­ше за вли­ја­ни­е­то на Со­рос и не­го­ви­те га­ва­зи и не­со­од­вет­ни­от од­го­вор на дру­га­та ста­на во ко­рум­пи­ра­ни­от нев­ла­дин се­ктор. При­ме­рот бе­ше да­ден за со­стој­би­те во САД, ка­де што НВО на Со­рос из­ле­гу­ва, а го де­ман­ти­ра­ат и не­у­тра­ли­зи­ра­ат три дру­ги ре­пуб­ли­кан­ски нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции. Ед­на го­ди­на по пла­стич­ни­от опис на ма­ке­дон­ска­та би­тка со вли­ја­ни­ја­та, пла­те­ни и од гра­ѓа­ни­те на САД пре­ку УСА­ИД. За таа „дуп­ка“ од са­мо ед­на го­ди­на, ми­ли­о­ни до­ла­ри вле­гоа во „Тел­ма“, „24 ве­сти“, раз­но­раз­ни фо­ку­си без ма­ло­ум­ни пе­ча­ти и ка­де ли не. Слу­чај­но или не, но ве­ро­јат­но по­ве­де­ни од от­по­рот на Со­рос во САД про­тив но­во­из­бра­ни­от пре­тсе­да­тел Трамп и отво­ре­на­та вој­на ко­ја бер­зан­ски­от ма­ни­пу­лант ја во­ди про­тив чо­ве­кот кој нај­а­ву­ва ра­ди­кал­на про­ме­на на без­о­браз­на­та аме­ри­кан­ска по­ли­ти­ка, „Нешнл рив­ју“по­втор­но се се­ти на Ма­ке­до­ни­ја.

„Аме­ри­кан­ски­те да­ноч­ни об­врз­ни­ци, пре­ку УСА­ИД, ѝ да­ва­ат па­ри на ло­кал­на­та фон­да­ци­ја на Со­рос“. Ма­ке­дон­ски­те кон­зер­ва­тив­ци ве­лат де­ка со тоа САД пра­ктич­но од­бра­ле стра­на во по­ли­тич­ка­та по­дел­ба во Ма­ке­до­ни­ја – и тоа ја од­бра­ле СДСМ или про­ко­му­ни­стич­ка­та стра­на. Дру­ги со­го­вор­ни­ци ве­лат де­ка дес­ни­ца­та пра­ви стра­ши­ло од Со­рос и де­ка аме­ри­кан­ски­те дип­ло­ма­ти се че­сен по­сред­ник во тој спор. Но, ма­ке­дон­ски­те кон­зер­ва­тив­ци се дла­бо­ко по­го­де­ни од на­чи­нот на кој се раз­ви­ва­ат од­но­си­те со САД во ера­та на Оба­ма. „Ние сме автен­тич­на­та про­а­ме­ри­кан­ска, про­за­пад­на пар­ти­ја во зем­ја­ва. А, вие нѐ тур­ка­те во ра­це­те на Ру­си­ја“, на­пи­ша Ен­др­ју Ста­та­форд во ана­ли­за­та во ко­ја се ука­жу­ва де­ка во пре­диз­бор­на­та кам­па­ња СДСМ им да­ва­ше ве­ту­ва­ња и на­ве­сту­ва­ња за ид­ни от­стап­ки на пар­ти­и­те на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци, кои во ид­ни­на мо­же да пре­диз­ви­ка­ат ет­нич­ки тен­зии. Ова, спо­ред уг­лед­но­то кон­зер­ва­тив­но спи­са­ние, е проб­ле­ма­тич­но ме­ѓу дру­го­то и за­тоа што Ма­ке­до­ни­ја е во пр­ва­та бор­бе­на ли­ни­ја на бе­гал­ска­та и ми­грант­ска кри­за и ја чу­ва над­во­реш­на­та гра­ни­ца на Евро­па.

analiza227-5

Си­те до­ма, За­ев во Гр­ци­ја

Отка­ко му „учи­ни“ на Со­рос, на „ча­до­рот“, на Ал­бан­ци­те и си­те оста­на­ти, За­ев са­мо­за­до­вол­но си се по­ве­ќе во сво­е­то све­ти­ли­ште во Гр­ци­ја. Ха­ци­ен­да­та има очиг­лед­на ис­це­ли­тел­ска моќ за мур­тин­ски­от спа­си­тел, кој оче­биј­но е црп­нат од Со­рос и оста­на­ти­те со по­ви­со­ка цел. По­ви­со­ка за си­те, освен за Ма­ке­до­ни­ја и Ма­ке­дон­ци­те. Не­го­во­то „го­сту­ва­ње“ во Гр­ци­ја, ка­де што, всуш­ност, тој е до­ма, се по­го­ди со ре­ди­ца ан­ти­ма­ке­дон­ски по­ра­ки, ме­ѓу нив и онаа на Ко­ѕи­јас. Ели­нот, оси­лен од про­сто­рот кој го соз­да­де ток­му За­ев со но­ва­та по­стиз­бор­на по­ли­тич­ка си­ту­а­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја, ре­зул­тат на не­го­ви­от не­при­сто­ен пред­лог кон Ал­бан­ци­те, нѐ по­тсе­ти де­ка без „ре­ше­ние за име­то не­ма НА­ТО и ЕУ“. Сле­ду­ваа глу­по­шти­ни­те на Да­чиќ, кој за­бо­ра­ви на ре­ак­ци­и­те на Ма­ке­дон­ци­те при поп­ла­ви­те во Ср­би­ја, во исто вре­ме ко­га не­го­ви­от нај­го­лем „душ­ман“ Ра­ма ни под­го­тву­ва­ше „со­ве­то­да­вен до­ку­мент“. Во­да­та им ја пу­шти еден Ма­ке­до­нец, кој ба­рем та­ка се дек­ла­ри­ра, а за кој на со­ци­јал­ни­те мре­жи ве­ќе има ини­ци­ја­ти­ва да си го сме­ни име­то во Агим (Зо­ран и Агим има­ат исто оно­ма­стич­ко зна­че­ње и оз­на­чу­ва­ат ра­ѓа­ње на де­нот).

 

Никовски: Зо­ран За­ев е гла­вен ва­зал на стран­ски­те ин­те­ре­си

Пос­лед­ни­ве две и пол го­ди­ни, 25-го­диш­ни­те гол­го­ти на Ма­ке­до­ни­ја го до­жи­ву­ва­ат сво­е­то фи­на­ле. Та­ка е за­мис­ле­но и исп­ла­ни­ра­но, ве­ли по­ра­неш­ни­от др­жа­вен се­кре­тар во МНР и ам­ба­са­дор Ри­сто Ни­ков­ски, кој по­тен­ци­ра де­ка зем­ја­та е фр­ле­на на ко­ле­на со единс­тве­на цел де­фи­ни­тив­но да се пре­кр­сти, на­ро­дот раз­не­би­ти и та­ка да се за­тво­ри ве­ков­но­то „ма­ке­дон­ско пра­ша­ње“.

Никовски: Тоа е дол­го­го­диш­но­то аме­ри­кан­ско сце­на­рио, се­срд­но по­мог­на­то од до­маш­ни­те пет­то­ко­ло­на­ши. Зо­ран За­ев е гла­вен ва­зал на стран­ски­те ин­те­ре­си, со што ѝ на­не­су­ва исто­ри­ска ште­та не са­мо на др­жа­ва­та, ту­ку и на сво­ја­та пар­ти­ја од ка­де што, пак, за жи­во чу­до, ни­кој не се ди­стан­ци­ра од не­го­ви­те по­ли­тич­ки не­бид­ни­ни.

Про­сто е не­ве­ро­јат­но што ед­на пле­ја­да на ум­ни и спо­соб­ни лич­но­сти од не­го­ва­та пар­ти­ја не­ма­ат свест и со­вест да ре­а­ги­ра­ат де­ка дво­ја­зич­ност има са­мо во фе­де­ра­ции, де­ка над­град­ба на Охрид­ски­от до­го­вор, кој го уни­шти ма­ке­дон­ски­от ка­ра­ктер на др­жа­ва­та, е са­мо­у­бис­твен чин, де­ка… Нив­на­та па­сив­ност не мо­жат да ја оправ­да­ат гре­шки­те на до­се­гаш­на­та власт. Тие мо­ра да го ар­ти­ку­ли­ра­ат сво­е­то чув­ство за др­жа­ва­та, кое се­ка­ко го има­ат, мо­ра­ат да троп­нат на ма­са де­ка ли­де­рот за­ски­тал, де­ка не знае што збо­ру­ва и ве­ту­ва… до­де­ка не е доц­на за си­те. Не мо­ра да гла­са­ат за по­ли­тич­ки­от ри­вал, ама има по­ве­ќе на­чи­ни да по­ка­жат де­ка се ту­ка и де­ка ги гле­да­ат по­губ­ни­те акро­ба­ции. Ина­ку, мол­че­ње­то зна­чи де­ка се сог­ла­су­ва­ат со по­ли­ти­ки кои се на ли­ни­ја на нај­ек­стрем­ни­те го­ле­мо­ал­бан­ски по­зи­ции. Во да­де­ни­те (не)ус­ло­ви опо­зи­ци­ја­та, мо­же­би, при­вре­ме­но не­што и ќе ќа­ри, ама са­мо на сме­тка на ин­те­ре­си­те на др­жа­ва­та, а се­гаш­ни­те не­ум­но­сти, дол­го­роч­но – пре­ска­по ќе нѐ чи­нат си­те. Из­ја­ви­те де­ка тие не се па­три­от­ска пар­ти­ја ка­жу­ва­ат сѐ.

Нор­мал­но е во ва­кви (не)при­го­ди си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни да се на но­га. Ал­бан­ци­те пр­ви. Ма­сов­но учес­тву­ваа во краж­ба на из­бо­ри­те за да не ус­пее вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја и, па­ра­лел­но, во склоп на аме­ри­кан­ски­те за­мис­ли, ги ис­по­ра­чаа сво­и­те го­ле­мо­ал­бан­ски апе­ти­ти за фе­де­ра­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та. Тоа е фи­ли­гран­ска опе­ра­ци­ја. ЦИА, обич­но, бес­пре­кор­но пла­ни­ра. Иа­ко из­гу­би­ја се­дум пра­те­нич­ки ме­ста, Ал­бан­ци­те се ви­стин­ски по­бед­ни­ци на из­бо­ри­те. Тие од­лу­чу­ва­ат кој ќе вла­дее. Со отво­рен ди­ктат на Ти­ра­на, зад ко­ја се крие Ва­шин­гтон, на фа­ши­зо­и­ден на­чин тие ќе се обе­ди­ну­ва­ат про­тив Ма­ке­дон­ци­те! Ах­ме­ти и по­сит­ни­те од не­го, одеј­ќи на „ба­ци ра­ка“ кај Ра­ма, по­ка­жаа де­ка се пи­о­ни во ту­ѓи ра­це и „Тро­јан­ски ко­њи“ во на­ша­та по­ли­ти­ка. До­бро е што кар­ти­те се отво­ри­ја, ама пра­ша­ње е да­ли не­кој, ка­ко За­ев, мо­же да го сфа­ти тоа.

Прв­пат и Гр­ци­ја е под си­лен аме­ри­кан­ски при­ти­сок – Ма­ке­до­ни­ја што по­ско­ро да се пре­кр­сти за да вле­зе во НА­ТО и да се за­тво­ри овој про­стор за Ру­си­ја. Ати­на мо­ра да глу­ми под­го­тве­ност за ре­ше­ние иа­ко тоа не ѝ па­ѓа ни на крај па­мет во да­де­ни­те та­мош­ни си­ту­а­ции. За­тоа из­мис­ли­ја „гра­де­ње мер­ки за до­вер­ба“, без ни­што кон­крет­но да се слу­чу­ва и, де­мек, има­ле пред­ло­же­но по­ве­ќе ре­ше­ни­ја и, бо­жем, че­ка­ле од­го­вор од нас. Би­де­те уве­ре­ни де­ка ни­што не оче­ку­ва­ат, освен да по­ка­жат де­ка по­се­та­та на Оба­ма на Ати­на не би­ла не­ус­пеш­на и де­ка проб­ле­мот е кај нас, а не кај нив. Или, ако е та­ка, кај е ту­ка Ни­миц, со ко­го Ко­ѕи­јас се сре­ќа­ва­ше во Лу­ксем­бург? Ла­га до ла­га, блеф до блеф. Се­пак, и ако е та­ка, а та­ка изг­ле­да, во пра­ша­ње е се­ри­о­зен и до­да­тен при­ти­сок и врз нас.

Срп­ско­то пов­ле­ку­ва­ње на приз­на­ва­ње­то на устав­но­то име мо­ра да се ана­ли­зи­ра мул­ти­дис­цип­ли­нар­но. Зо­што баш се­га е пр­во­то пра­ша­ње? Факт е де­ка ние це­ло вре­ме кон Ко­со­во во­ди­ме ал­бан­ска и аме­ри­кан­ска по­ли­ти­ка, а не ма­ке­дон­ска, и срп­ски­те ин­те­ре­си ги иг­но­ри­ра­ме. Ар­но ама, тоа трае дол­го вре­ме. Де­ка сле­ду­ва но­во гла­са­ње во УНЕ­СКО во­оп­што не е од­го­вор. По­ло­гич­но е да се сме­та де­ка Бел­град про­це­нил (а има од­лич­ни тај­ни служ­би) оти кај нас со­стој­би­те ќе се за­о­стру­ва­ат та еве и тој, не са­мо Ти­ра­на, це­лос­но не ја приз­на­ва др­жа­ва­та и си др­жи отво­ре­ни оп­ции. Ова мо­ра да ни би­де се­ри­оз­на опо­ме­на.

Ло­гич­но е да се оче­ку­ва, штом ќе се фор­ми­ра вла­да­та, и Со­фи­ја вед­наш да се ја­ви со сво­и­те ба­ра­ња.