Републиканците ја критикуваат пристрасноста во полза на Харис на модераторите на тв-дебатата

По завршувањето на дебатата во Филаделфија републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп се пожали дека модераторите на телевизиското соочување „биле многу неправедни кон него“.

Вивек Рамасвами, кој беше кандидат на републиканските прелиминарни избори пред да се повлече и да го поддржи Трамп, рече дека „модераторите ја уништија оваа дебата“. Тој ги обвини модераторите не ги оспориле доволно информациите презентирани од Камала Харис. „Ова беше срамота и мислам дека ова е без преседан“, истакна тој.

Слично мислење имаше и републиканскиот сенатор Том Котон, кој рече дека се работи за дебата „три на еден“. Тој ги обвини модераторите за договарање со Харис против Трамп.

Сепак Трамп констатира дека ова била негова најдобра дебата досега која покажала колку се слаби и патетични демократите. Тој рече дека „Камала Харис сака втора дебата затоа што била убедливо поразена, но дека неговиот тим ќе размисли за тоа“.

Тимот на Камала Харис изрази подготвеност за нова дебата меѓу претседателските кандидати во октомври.