Републиканците ќе собираат 60 милиони долари за финансирање на судските постапки, дознава Reuters

Репибликанската партија ќе собира од донатори најмалку 60 милиони долари за финансирање на судските тужби на републиканскиот претседател Доналд Трамп во врска со, како што тврдат, манипулациите на американските претседателски избори, рекле во петокот за агенцијата Reuters два неименувани извора запознаети со иницијативата.

Кампањата на претседателот Доналд Трамп поднесе тужби во неколку сојузни држави по изборите кои се одржаа во вторникот и како малку кога во амариканската понова историја изборниот резултат не е познат и по неколку дена. Републиканците имаат забелешки на тоа што во средата и четвртокот во клучните држави кога Трамп беше во водство изборните комисии запреа со пребројувањето на гласовите а потоа продолжија по што предноста на републиканецот почна да се типи, дека на нивните набљудувачи не им бил овозможен пристапот до местата на кои се броеле гласовите особено оние по пошта, како и дека многу од тие гласачки ливчиња стасале надвор од рокот.

Долготрајното пребројување на гласовите во САД предизвика тензии и сѐ уште да не е проглесен победникот на претседателските избор. А внимателни се и водечките медиуми кои целиот петок пренесуваат дека демократскиот кандидат Џо Бајден е на чекор до Белата куќа, но не го објавуваат конечниот победник, иако од таборот на демократите се наведува дека тој веќе ги осигурил неопходните за победа 270 електорски гласови.

Агенцијата Reuters информацијата за донациите ја добила од неименуван републикански донатор, кој наводно добил барање од кампањата на Трамп и од Републиканскиот национален комитет (RNC). „Сакат 60 милиони долари“, рекол изворот.

Два наводни извора разговарале со Reuters за барањата за донации, под услов да останат анонимни. Од кампањата на претседателот и од RNC не одговориле веднаш на барањето на агенцијата за коментар.

Како што пишува агенцијата, од завршувањето на претседателските избори во вторникот, кампањата на Трамп испратила барања за донации преку електронска пошта и писма, во кои наведува дека станува збор за валкана изборна игра.

Повикот за донации доаѓа во моментот кога е јасно дека и кампањата на репулбиканскиот и кампањата на демократскиот кандидат се подготвуваат за долготрајна правна битка околу изборите.

Вишиот советник во кампањата на Трамп, Дејвид Боси, кој ја води конзервативната советодавна групација „Citizen United“, е избран да ги води постизборните судски постапки, рекол за Reuters извор запознаен со стратегијата на републиканската претседателска кампања.

Судовите во некои сојузни држави каде што сѐ уште трае пребројувањето на гласачките ливчиња, вклучително и Џорџија, експресно ги отфрлија тужбите поднесени од кампањата на Трамп.

Кога станува збор за финансиите, Трамп ја започна со предност, но Бајден имаше незапаметено огромни финанси на крајот на кампањата. Во периодот од 1-ви до 14-ти октомври Бајден собрал околу 130 милиони долари, речиси трипати повеќе од Трамп, кој собрал во истиот период 44 милиони долари.