Републиканците го критикуваат Бајден за одолговлекување на соборувањето на кинескиот балон

Републиканските пратеници го критикуваа во неделата демократскиот претседател Џо Бајден бидејќи со денови чекал да нареди соборување на кинескиот балон кој неговата администрација го означи како шпионско летало, обвинувајќи го делка покажал слабост кон Кина и дека во почетокот се обидел да го затаи нарушувањето на воздушниот простор на САД.

Американски борбен авион „F-22“ го собори во саботата балонот кај брегот на Јужна Каролина, една седмица откако влегол во американскиот воздушен простор кај Алјаска.

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин тврди дека американската војска наводно собрала „драгоцени“ разузнавачки податоци со проучување на балонот, иако Пентагон претходно во саботата објави дека се трага по важните делови и оти ќе биде направен обид во најскоро време да бидат склопени остатоците од леталото за да бидат проучени.

Балонот беше откриен над Монтана во средата, според медиумите прв го забележал млад астроном аматер, каде што 150 интерконтинентални балистички ракети вооружени со нуклеарни боеви глави се складирани во воена база на северот од оваа американска сојузна држава, а Пентагон соопшти дека претседателот наводно го одобрил уривањето истиот ден, но била направена безбедносна процена за заштита на населението.

Обидувајќи се да ги отфрли обвинувањата за тоа што противвоздушната одбрана не го забележала навреме леталото, Лојд тврдеше дека наводно уште три кинески балони за надгледување минале преку територијата на САД во времето на мандатот на републиканскиот претседател Доналд Трамп, што овој веднаш го отфрли.

„Требало да го собориме балонот над Алеутските острови. Не смеевме да дозволиме да мине преку целите континентални САД“, изјави републиканецот Тон Котон, член на сенатскиот Комитет за вооружените сили, зборувајќи за архипелагот кај Алјаска.

Котон за емисијата „Fox News Sunday“ рече дека верува оти Бајден чекал со објавата за балонот за да ја спаси планираната посета на државниот секретар Ентони Блинке на Пекинг во неделата, првата таква по 18 години, која на крајот беше одложена. Смета дека Бајден не сакал да ја провоцира Кина.

Пекинг објави дека по известувањето за балонот кој имал цивилна, метеоролошка и истражувачка намена а скршнал од рутата кон САД поради силни западни ветрови и не било можно да биде контролира, се обидел да бара од Вашингтон да бара леталото да не биде соборено.

Бајден во саботата изјави дека во средата веднаш наредил уривање на балонот кој преминал во Монтана, но Пентагон му препорачал да се сочека да дојде над отворено море за да се заштитат цивилите.

Министерот за сообраќај Пит Бутиџиџ го бранеше претседателот Бајден, велејќи дека тој сакал да ги заштити американските граѓани.

Челникот на сенатското демократско мнозинство Чак Шумер оцени дека критиките кои доаѓаат од републиканците се избрзани и политички мотивирани. Рече дека Пентагон ќе ги брифира сентаротите за балонот и за, како што официјално се користи терминот кинеското надгледување на 15-ти февруари.

Републиканецот Мај Тарнер, претседателот на Комитетот за разузнавачката заедница во Претставничкиот дом, изјави дека комитетот ќе биде брифиран за настанот оваа седмица. Тарнер рече дека балонот непречено летал над американските силоси со нуклеарни проектили и дека верува оти Кина го користела за да собира информации за нив.

„Претседателот дозволил тоа да мине преки нашите најчувствителни локации и немал намера да ѝ каже на јавноста доколку вие не ја откриевте сторијата“, изјави Тарнер во емисијата „Мeet the Press“ на телевизиската мрежа NBC News.

Републиканецот Марко Рубио, потпретседател на сенатскиот Комитет за разузнавачката заедница, во емисијата „Тhis Week“ на мрежата ABC News изјави дека Кина се обидела да испрати порака дека може да влеза во американскиот воздушен простор.