Одлуката е донесена поради недоволниот број на гласови, со што републиканците сакаа да го избегнат поразот за претседателот Доналд Трамп.
Претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан го повлече предлог законот од дневен ред откако Трамп повика и побара да се стопира расправата и гласањето за спорниот предлог закон.
Трамп претходно ги повика денеска републиканците да го поддржат неговиот план за здравствени реформи и да го отфрлат „Обамакер“, предупредувајќи дека во спротивно ќе ја изгубат секоја можност да го реформираат.
По седум страшни години на „Обамакер“, ова е конечно ваша шанса за голем план!, напиша Трамп на неговиот Твитер налог.
Поништувањето на „Обамакер“, здравствената политика на поранешниот претседател Барак Обама, што ги обележа неговите два мандати, е едно од најгласните предизборни ветувања на Трамп. Поништувањето на „Обамакер“, здравствената политика на поранешниот претседател Барак Обама, што ги обележа неговите два мандати, е едно од најгласните предизборни ветувања на Трамп.