![kevin mekkarti](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/kevin-mekkarti.jpg?resize=696%2C450&ssl=1)
Републиканскиот пратеник Кевин Меккарти беше избран за претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес рано наутро во саботата по големите отстапки за тврдокорните сопартијци кои ја доведуваа во прашање способноста на новото републиканско мнозинство да владее.
Послабите од очекуваните резултати на републиканците на изборите во ноември ги оставија со тесно мнозинство од 222 наспроти 212 и им овозможи на конзервативните десничарски тврдокорни пратеници кои го поддржуаат поранешниот претседател Доналд Трамп кои се противат на раководството на Меккарти.
Кога Претставничкиот дом ја продолжи седницата доцна во ноќта, Меккарти беше на еден глас до победата во 14-от круг од неговиот избор. На ово 57-годишник од сојузната држава Калифорнија му беше ускратен гласот од Мет Гаец, а во еден момент дојде до жестока расправија и колегата републиканец Мајк Роџерс мораше физички да биде отстранет.
Победата на Меккарти во 15-от круг од гласањето стави крај на најдолгиот конгресен ќор-сокак во последните 160 години. Тоа, сепак, јасно ги покажува тешкотиите со кои ќе се соочи Меккарти при водењето на тесното и длабоко поделено мнозинство во Претставничкиот дом.
На крајот беше избран со соодносто 216 наспроти 212 гласови. Тој успеа да биде избран со гласовите на помалку од половина од членовите на Претставничкиот дом само затоа што шест членови на неговата партија се воздржаа, не го поддржаа Меккарти за челник но и не гласаа за друг кандидат.
„Мило ми е што е готово“, рече Меккарти по последниот круг на гласање.
Тврдокорните републиканци го обвинуваат Меккарти дека е мек и премногу отворен за компромиси со претседателот Џо Бајден и неговите демократи кои имаат контролира на горниот дом Сенатот, благодарејќи на гласот потпретседателката Камала Харис..
Меккарти се согласи со нивното барање секој пратеник да може да побара негова смена во секое време, со што ќе се ограничи неговата моќ да донесува закони за клучни прашања како што се финансирањето на администрацијата или ограничувањето на долгот.
Недостигот од договор или дури и долгиот ќор-сокак ризикува банкрот што може да ја потресе глобалната економија. Некои тврдокорни велат дека сакаат лидер подготвен да принуди „затворање“ на владата за да ги намали трошоците. Планот за трошење на американскиот претседател Џо Бајден изнесува 3,5 трилиони долари.
„Добивме работи од трансформациска природа“, рече републиканецот Ралф Норман, кој на крајот гласаше за Мекарти откако му се спротивстави цела недела.
„Има промени во начинот на трошење и распределба на средствата кои ќе се покажат како историски“, рече републиканецот Скот Пери, претседател на Пратеничката група за слобода на Домот.
Водачот на мнозинството во Сенатот, демократот Чак Шумер, предупреди дека отстапките на кои тој се согласил ќе му дадат контраефект на Мекарти.
„Отстапките на Кевин Мекарти кон екстремистите во неговата партија може да доведат до републиканци, поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, да предизвикаат затворање на владата или неплаќање со погубни последици за нашата земја“, рече Шумер.
Употребата на претседателската палка му дава на Меккарти моќ да ја блокира законодавната агенда на Бајден, да принуди гласање за републиканските приоритети за економијата, енергијата и имиграцијата и да продолжи со истраги за Бајден, неговата администрација и неговото семејство.
Победата на Мекарти дојде еден ден по двегодишнината од нападот на американскиот Капитол на 6-ти јануари 2021 година, кога насилна толпа упадна во Конгресот во обид да го поништи изборниот пораз на тогашниот претседател Трамп.