Компанијата за снабдување со електрична енергија РЕС донираше помагала за одење-ролатори, за штитениците на државната ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември” – Скопје.
Дел од ролаторите беа донирани во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“- Скопје, каде што зависно од потребите и способностите на пациентите, ќе бидат искористени во посебни оддели на установата, а еден дел од донацијата е доставена и во Хоспис Сју Рајдер – Битола кој се наоѓа во состав на специјализираната болница.
„РЕС, кој година и половина работи на македонскиот пазар на електрична енергија и ја презема лидерската позиција на слободниот пазар, како општествено-одговорна компанија, одлучи да ја реализира оваа донација со цел да го сврти вниманието на јавноста и општеството кон потребата за посебна грижа и внимание за нашата повозрасна популација. Донацијата доаѓа во пресрет на 65-та годишнина на оваа здравствена установа, која е единствена специјализирана за геријатриска и палијативна медицина. Од ЈЗУ ’13 Ноември’ се заблагодарија за донацијата и сметаат дека помагалата значајно ќе го олеснат самостојното движењето на штитениците во установата и ќе дадат поголем квалитет на нивните секојдневни активности“, се вели во соопштението.
Ролаторите, кои го помагаат движењето на лицата со потешкотии, се произведени во БРАКО, како дел од медициската линија на фабриката, која произведува мебел, опрема и помагала за здравствени установи, пред сѐ за пазарот во Западна Европа.