![133375345 енергија](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/133375345-15.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Дефектот предизвика прекин на греењето во болницата, во зградите на Сојузот на синдикатите и Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“, како и во зградите на булевар „11 Октомври“ со броеви: 19, 21 и 23 и на булевар „Кочо Рацин“ со броеви: 8, 10, 14, 18, 20 и 28.
БЕГ–Дистрибуција соопшти дека за санација на дефектот бил заменет 20 метри долг цевковод ДН200 и дека овие потрошувачи од утринава редовно добиваат топлинска енергија. Екипи на БЕГ ја следат состојбата и се подготвени да интервенираат.
Потрошувачите може да пријават дефект или рекламација за квалитетот на греење преку Центарот за грижа за потрошувачи на Снабдување со топлина Балкан енерџи, на телефонскиот број 3076-200, со праќање СМС-порака на броевите: 076-350-298 (Оне), 078-207-056 (Вип), 070-369-337 (Т-мобиле), како и преку веб-страницата www.beg-snabduvanje.com.mk.