Ресенчанка пронајдена мртва

Исчезната ресенчанка била пронајдена мртва, информираше МВР.

Според полицијата, случаен минувач забележал труп вчера околу 7.30 часот во водите на реката во село Лева Река. На местото стигнала полиција, па телото на жената било извадено од водата.

По идентификацијата било утврдено дека станува збор за Б. Ј. (64) од селото.

Таа завчера била пријавена за исчезната. Смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош од болницата во Ресен. Увид на лице место извршил ЈО и увидна екипа на ПС-Ресен, а по Наредба на телото на починатата е предадено за обдукција.