
Крадец од куќа во Ресен успеал да украде пари и пиштол, кој што сопственикот го поседувал без дозвола, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Од куќата на В.С. на улицата Ленинова во Ресен, биле украдени 2.000 евра, 40.000 денари и пиштол „ЦЗ“ калибар 7,65мм со непознат сериски број и две рамки со муниција, кој што бил без дозвола.
Крадецот успеал да ја отвори влезната врата од куќата, пребарал по работите, ги одзел предмети и го напуштил местото.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.