Решена мистеријата на „мумијата која вреска“  

Студијата спроведена од познатиот египетолог Захи Хавас и Сахар Салеем, професор по радиологија на универзитетот во Каиро, кој е специјализиран за скенирање мумии, ја разреши тајната на „мумијата на жената којашто вреска“ од кралската гробница во Деир Ел-Бахари, пишува порталот Ahram Online.

Според еден од авторите на истражувањето, египтологот Захи Хавас, резултатите од компјутерската томографија покажале дека жената починала од срцев удар, а тешката артеросклероза на коронарните артерии довела до ненајдената смрт. Според истеражувачите, во текот на процесот на балсамирањето била зачувана позицијата на телото на жената во којашто таа се наоѓала во моментот на смртта.

„Позицијата на телото со свиткани и вкрстени нозе, при што главата е свртена надесно а вилицата спиштена. Претпоставуваме дека телото можеби било најдени не порано од неколку часа по смртта“, појаснува Хавас.

Мумијата на жена којашто вреска е откриена во 1881 година во близина на градот Лускор во гробница меѓу 40 минуии на членови на царска династија. Иденитететот на жената сѐ уште е предмет на дискусии меѓу научниците, а според Хавас станува збор за древноегипетска принцеза.