Како што објави „Гардијан“, локалните власти соопштиле дека оваа промена се должи на флуоресцеинот, нетоксична супстанца што се користи за тестирање на мрежите за отпадна вода.
Жителите забележале дека водата во каналот станала зелена во неделата, за што полицијата ги истражувала причините, а се шпекулирало дека може да станува збор за перформанс на борците за заштита на животната средина.
Анализата покажала „присуство на флуоресцеин во земените примероци“, наведува регионалната агенција.
Резултатите не покажале присуство на токсични елементи во анализираните примероци.
Ова не е првпат водата во овој канал да позелени.
Во 1968 година, аргентинскиот уметник Николас Гарсија Урибуру ја обои водата зелена со флуоресцентна боја за време на Биеналето во перформанс за промовирање на еколошката свест.