Годинава ќе бидат рестартирани рудниците „Злетово“ и „Тораница“, а до крајот на годинава се очекува отварање, односно почеток на градба на уште два нови рудници.
За ова информираше заменик-министерот за економија, Кристијан Делев на денешниот отчет на владејачката партија.
Како што посочи, минатата недела завршила елетронската јавна аукција за рудниците Злетово и Тораница, а на аукцијата највисока понуда дала бугарска компанија.
Информира дека се очекува до месец јуни да биде завршена првата фаза од рестартирањето на рудниците, односно откупот на стечајната маса, а во период од 2 до 3 месеци потоа и рудниците да почнат со работа.
Како што потенцира, ова значи дека над 920 рудари од овие рудници може да очекуваат дека ќе бидат вратени на работа.
Понатаму, Делев информира дека до крајот на годината ќе почне изградбата на два рудници, рудникот Казандол на компанијата Сардич и на Иловица на компанијата Евромакс.
Само за отварање на рудникот Иловица ќе бидат инвестирани околу 500 милиони евра.
Како што потенцира, ако во минатото биле доделени само 54 концесии, досега се доделени вкупно 217 концесии и може да се очекува дека во иднина ќе бидат отворени уште повеќе рудници, а со тоа и уште повеќе работни места.