
Со поддршка од Министерството за култура година ќе бидат реставирани фасадите на пет објекти од старото градско јадро во Велес.
Станува збор за објекти кои се наоѓаат на улицата „Јован Алабаков“ и кои се дел од автентичната споменична целина со традиционални белези на велешката архитектура на 19 век.
Министерството за култура денеска соопшти дека проектот за заштита на фасадите на петте куќи е изработен од страна на стручните екипи од Националниот конзерваторски центар-Скопје која е надлежна за заштита на културното наследство. Реставрацијата на објектите треба да заврши до крајот на годинава.
Конзервацијата и реставрацијата на објектите во Велес е дел од проектот на Владата за санација на фасадите од амбиенталната стророградска архитектура што се реализира четврта година по ред. Во рамки на проектот досега е извршена санација и реставрација на 16 фасади на објекти и тоа 15 посебни зданија во урбаните средини на Крушево, Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Гевгелија, Гостивар и Прилеп и еден комплекс од пет дуќани во Кратово.