Средновековната катедрала стара 860 години, симбол и на Франција и на Париз, детално е реставрирана, со нова кула и плафон, а украсите од бел камен и злато блескаат посилно од кога било.
За потсетување, вечерта на 15 април 2019 целиот свет со ужас гледаше како кулата и покривот на катедралата се уриваат во пожарот што се закануваше да ги уништи главните камбанарии и целата градба, што за малку беше избегнато.
„Планетата беше вознемирена тој ден“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон пред денешната церемонија на отворање. „Шокот од повторното отворање, верувам и сакам да верувам, ќе биде силен како тој од пожарот, но тоа ќе биде шок на надеж“, рече тој.
Макрон, ослабен од политичката криза во земјата, ќе може да ги заборави проблемите за момент, кога ќе ги дочека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, британскиот принц Вилијам и десетици шефови на држави и влади.
Според податоците од кабинетот на Макрон, за обнова на катедралатаѐ. „многу пари се слеаја од целиот свет, над 840 милиони евра, при што останаа средства за понатамошни вложувања во објектот“.
Католичката црква очекува катедралата да ја посетуваат 15 милиони луѓе годишно.
Церемонијата треба да почне околу 19 часот.