За да се ограничи ширењето на коронавирусот, Велика Британија можеби ќе мора да ги задржи „некои од мерките“ сѐ додека не биде вакцинирана целата возрасна популација, изјави во четвртокот вечерта директорката на англиската државна Агенција за јавно здравство (Public Health England), Сјузан Хопкинс.
Додава дека некои од мерките можеби ќе мора да бидат и натаму на сила.
„Мислам дека ќе мора да преземе никакви мерки додека целата популација не биде вакцинирана, барем целата возрасна популација“, изјави Хопкинс за Sky News.
Додаде и дека мисли оти „дури и тогаш ќе мораме да знаеме повеќе за пренесувањето на вирусот пред да бидат олабавени некои мерки и да се врати животот каков што беше“.
Досега во Велика Британија првата доза од вакцината против Covid-19 ја примиле околу 13,5 милиони лица, а воведени се нови строги гранични контроли за да се спречи пренесувањето на новите соеви на вирусот во земјите, во прв ред од Јужноафриканската Република и од Бразил.
Поради давањето нејасни пораки за ублажувањето на рестриктивните мерки британските министри се соочени со критики во јавноста, дури и од членовите на Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон.