Франција најверојатно ќе преземе построг пристап кон имиграцијата и безбедноста за да ја одрази промената на општеството надесно, рече новиот министер за внатрешни работи Бруно Ретаљо на земјата во малцинската влада која ќе зависи од екстремната десница за донесување одлуки.
Повиците на Бруно Ретаљо за построг пристап кон барателите на азил, полициското насилство, затворските казни, радикалниот ислам и трговијата со дрога покажуваат колкаво влијание ќе има Националниот собир на Марин Ле Пен врз новата влада.
По предвремените избори во јуни, на кои владата на десниот центар го загуби владејачкото мнозинство, Националниот собир доби значење во француската политика, сигнализирајќи дека тактички ќе ја поддржи владата на премиерот Мишел Барние, но и дека ќе ја повлече поддршката доколку приоритетите на партијата не беа адресирани.
„Мојата цел е да ги запрам илегалните влегувања и да го зголемам заминувањето, особено на илегалните мигранти, бидејќи никој не може да остане во Франција ако провалил во неа“, ја цитира дневниот весник Le Figaro на Ретаљо.
„Во следните недели ќе имам можност да изнесам конкретни предлози. Министерство за внатрешни работи има значителни регулаторни овластувања. Ќе искористам од максимално“, додаде Ретаљо и најави можност за користење регулативи. .
Одразувајќи ја изјавате на фунционер на Националниот собир, Ретаљо изјави за CNews во вторникот дека Франција и европските нации кои ја споделуваат нејзината позиција треба да ги здружат силите за да ја принудат Европската унија на построги закони за имиграција.
Одлуката на соседна Германија да воведе привремени гранични контроли, со што се суспендира слободата на движење во Шенген зоната, покажува како европските ставови за имиграцијата се движат надесно.
„Верувам дека мора да направиме сојуз со големите европски држави кои сакаат да го заострат или веќе го заостри својот законодавен арсенал за да ги смениме европските правила.
Ретаљо рече дека некои од законите за имиграција на ЕУ станале „целосно застарени и повеќе не одговараат на заканите од сегашниот момент“.
Признава дека гласачите во првиот круг од парламентарните избори, на кои победник излезе Националнио собир, испратиле јасна порака.
„Французите ни го поставија патоказот. Мора да ја слушаме пораката што ни ја испратија. Сакаат поголема безбедност и помалку имиграција. Ќе се задржам на тоа“, изјави министерот кој доаѓа од конзервативната партија Републиканци.