Исклучително ретка фигурана од филмската франшиза „Ѕвездени војни“ пронајдена на поткровје ги надмина процените за продажната цена на наддавање, откако го привлече интересот на колекционерите од целиот свет, објави BBC.
Според аукционерот Џонатан Тороде, ликот на Јава со наметка од винил се смета за „светот грал“ меѓу фигирините од „Ѕвездени војни“ од 1970-те години. Ја „зграпчил“ колекционер од Велика Британија за 19.500 фунти за време на аукција во Хертфордшир.
„Чест ми е да ја водам продажбата на уште едно ретко парче од историјата на играчките на ‘Ѕвездените војни’. Фигурата Јава сè уште е апсолутен врв за колекционерите на ‘вездените војни’“, изјави Тороде.
Ова е вторпат во последните шест месеци, на наддавањата на аукциската куќа Excalibur Auction со седиште во Кингс Ленгли да биде изложен толку баран колекционерски предмет. Во јули, ја продадоа ваквата фигура на Јава за 26.670 фунти, откако истиот сопственик како и сега ја пронашол меѓу сувенирите спакувани во кутии.
За двете фигурини пред аукциите се проценуваше продажната цена од 10.000 до 15.000 фунти.
Сопственикот на фигурината работел за „Marvel UK“ и добил голем број подароци од британскиот производител на играчки „Palitoy“ во текот на промоциите на „Ѕвездените војни“ во стриповите на „Marvel Comics“.