Ретко прво издание на Хари Потер достигна цена од 45.000 фунти

Примерок од книгата „Хари Потер и каменот на мудреците“ од Џоан Роулинг (авторско име J.K. Rowling), која е една од првите 500 отпечатени во 1997 година, беше продадена за 45.000 фунти во средата во Единбург, каде што бил напишан најголемиот дел од книгата.

Книгата содржи печатна грешка во зборот „Philosopher’s” на задната корица, а „1 волшебно стапче“ е наведено двапати во списокот со училишен прибор на страница 53.

Романот, за кој се предвидуваше дека ќе достигне цена од 40.000 до 60.000 фунти, на крајот беше продаден за 45.201 фунти во аукциската куќа Lyon&Turnbull, и покрај грешките.

Копијата е купена од неговиот претходен сопственик пред дваесетина години од продавницата на Адријан Харингтон во улицата Кенсингтон Черч во Лондон, а аукционерите ја опишуваат како „исклучителне примерок на делото“.

По објавувањето, само мал број примероци биле отпечатени поради неизвесноста на издавачот дали книгата ќе се покаже популарна или не.

Серијата Хари Потер, која вклучува седум книги, подоцна адаптирани во филмски хитови, стана една од најомилените во светот.