![retro_4](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/01/retro_4.jpg?resize=581%2C493&ssl=1)
Време е да ја отворите старата кутија за накит на вашата баба и да ја избришете прашината од старите прстени, шноли, брошеви и ѓердани.
Ретро накитот повторно е во мода, а голем број светски познати дизајнери токму во него почнаа да наоѓаат инспирација.
На Инстаграм можете да најдете интересни прстени кои потсетуваат на времето на нашите баби.
Креативните, но единствени парчиња накит, во различни бои и дизајн ќе ви дадат навистина посебно чувство на стил, како да сте зачекориле во некое друго време.
Овој накит се повеќе го привлекува вниманието на жените, а ниту вие не би можеле да останете рамнодушни ана нешто вакво, нели?