Најсилната македонска ракометна репрезентација го положи првиот бараж испит наречен Романија и се пласираше во финалната рунда за пласман на Светско првенство, во која силите ќе ги одмериме со стариот добар познаник.
Репрезентацијата на Чешка ќе биде наш последен тест во плејофот за пласман на ракометниот мундијал наредната година и двата натпревари ќе се одиграат во месец април, па така денеска пристигна и потврда дека реваншот ќе се игра во Скопје.
Ракоментата Федерација потврди дека вториот натпревар ќе се одигра во Скопје во „Борис Трајковски“ во 19:00 часот, па дефинитивно сите се надеваме дека ќе има пеколна атмосфера како и против Романија и дека истата ќе не води до нов голем триумф.
Натпреварот во Скопје е оној вториот и истиот ќе се игра на 17-ти април, додека првиот меч на кој ќе биде домаќин Чешка е закажан за 13-ти април.
Сосема јасно, на гостувањето во Чешка исклучително важно ќе биде да се оствари добар и поволен резултат, кој би не довел чекор поблиску до продолжување на континуитет со настап на големите ракометни турнири.