Вечерва околу 19 часот, револтирани граѓани пред Владата побараа оставки од премиерот Димитар Ковачевски, како и од останатите членови од неговиот кабинет.
Изразувајќи негативен став за францускиот предлог кој денеска беше презентиран пред јавноста, граѓаните извикуваа „Таче ти си предавник“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од партиското седиште повика на сенароден протест кој ќе се случи утре во 19 часот на платото пред Владата, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија.
Исто така и партијата Левица го отфрли францускиот предлог и го повика народот на сенароден отпор против бугаризација на Македонија.